Search
Close this search box.

Изложба на Агрон Салиу

Изложба на Агрон Салиу

Во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ отворена е изложба на дела од уметникот Агрон Салиу, кој за првпат се претставува пред прилепската публика со портрети. (10 – 17.5.2018).

Изложбата ја отвори историчарот по уметност Викторија Димеска која рече дека творештвото на Салиу изобилува со портрети, чија што улога не претставува единствено епигонско отсликување на моделот кој позира.

– Покрај што се забележува неговата тенденција и природна наклонетост кон анатомска прецизност, сепак на површина испливува емоционалниот набој на портретираниот лик. Пред се, неговиот интерес е сетилната интепретација и нејзината манифестација преку изразот и експресијата на човековиот образ. Тој студиозен пристап посетителот може да го воочи во портретот на старец, каде што транспаретен е силниот гест со цел да се открие т.н. „сложен фатализам на човечкиот живот…. Според својот уметнички израз и досегашниот сликарски опус, творештвото на Салиу припаѓа на експресионизмот“ – посочи Димеска.

Уметникот дипломирал на ФЛУ на Тетовскиот универзитет. Реализирал бројни самостојни изложби во земјата и во странство, како и групни, а бил дел од повеќе проекти од областа на културата.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања