Search
Close this search box.

Изложба на Александар Филев

Изложба на Александар Филев

Во ликовниот салон на Центарот беше отворена изложбата на слики ,, Црвениот бик ,, од уметникот Александар Филев од Струмица (12.12. до 19.12.2014)

Податоци за Филев

Завршил ФЛУ во Скопје, отсек сликарство со конзервација и реставрација во класата на проф. Благоја Маневски. Од 2001 година е асистент во Студиото за современ мозаик, кое работи под менторство на проф. Газанфер Бајрам, кое работи 17 години во рамките на меѓународната Струмичка ликовна колонија. Учесник е во изработката на монументални мозаици во Пелинце, по повод 60 години од АСНОМ. Самостојно изложувал во Струмица, Штип. Учествувал во повеќе групни во Струмица, Скопје, Штип, Италија, Бугарија. Негови дела се наоѓаат во повеќе колекции. Учествувал на повеќе ликовни колонии.

М-р. Зоран Рујак, археолог

Делата на авторот, во својот автентичен ракопис, се издвојуваат по својата жестина и интензивна колоритна експресија, далеку отскокнувајќи од сето она што досега го има созададено, па оттука и не можеме, а да не се запрашаме, дали постепено стануваме сведоци на една нова ликовна реторика? Одговорот ќе го добиеме ако внимателно ги набљудуваме неговите дела каде нема да можеме да се оттргнеме од впечатокот дека сето тоа се должи на генетскиот запис кој во семејството Филеви има длабока втемеленост на еден ликовен јазик кој твори посебен уметнички израз. Она што овој автор уште на прв поглед јасно го издвојува е една нова уметничка реторика која целосно го антиципира уметничкото творештво на Филеви постепено создавајќи чист, автентичен израз. Визуално-сценскиот приказ на неговите дела е со повисок тон и драматична атмосфера, со судир на формата, бојата и светлината, форматот и техниката, ликовниот аранжман… Неговите дела претставуваат бојно поле на кое уметникот се бори со начинот на својот израз (со своите визии) настојувајќи да се одбрани од силните емоции кои жестоко еруптираат пред нашите очи.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања