Search
Close this search box.

Изложба на Ана Ивановска

Изложба на Ана Ивановска

Во галеријата од ЦК,, Марко Цепенков,, е отворена изложбата ,, Ајде да летаме со магичното килимче,, од Ана Ивановска, која за првпат се претставува со инсталација од сунгер пред прилепската публика.

Визуелниот дел на овој проект со наслов ,,Ајде да летаме со магичното килимче”, претставува колоритна инсталација со форма на килим изработена од сунѓерчиња во различни форми и бои, која поставена на подот во галеријата овозможува блиска и непосредна интеракција со набљудувачот. Самата геометриската шема на килимот содржи градација на впишан круг во квадрат кое има симболично значење. Кругот како симбол претставува потполност, единство и совршенство а квадратот како спротивност на динамичноста на кругот симболизира постојаност, сигурност, рамнотежа, пропорционалност и морални устреми. Нивната комбинација го симболизира единството на земјата и небото односно душата и телото (реалноста). Кругот впишан во кавадрат е преминот од материјалниот кон духовниот свет.  Самиот наслов на делото директно укажува на добропознатиот „магичен килим” на Аладин од арапските бајки ,,1001 ноќ”. Магијата на килимот произлегува од способноста да лета носејќи го Аладин каде ќе посака. Па и ова дело повикува на ослободување на мислата и фантазијата кон едно поинакво доживување на светот, кон метафизичката страна. Предизвикува да ги согледаме нештата од поинаков аспект, да го согледаме морето на потенцијали што егзистира околу нас, да го задржиме детскиот дух во себе и да „летнеме” во светот на фантазијата и бајките каде сè е возможно штом ќе се зачекори на магичното килимче.

Податоци за авторката Ана Ивановска

Ана Ивановска (Скопје, 1982) дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, Македонија (2006) во класата на професор м-р Благоја Маневски, отсек сликарство со насока конзервација и реставрација. Во 2007 година го завршува Педагошкиот оддел на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Постдипломските студии на отсек сликарство ги завршува во 2011 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје кај проф м-р Благоја Маневски со стекнат научно уметнички степен – магистер по ликовни уметности од областа сликарство на тема: Света геометрија.

Таа е член на ДЛУМ и еден од основачите на уметничката група и уметничкиот простор Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т. во Скопје во 2009 година како и еден од седумте членови на групата ,,МОМИ,,  основана во 2011 год.

Реализирала повеќе самостојни и групни изложби.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања