Search
Close this search box.

Изложба на Андријана Радевска

Изложба на Андријана Радевска
На 25 октомври 2013 г. од 20.00 часот во галеријата на ЦК,,Марко Цепенков,,беше отворена изложба на слики од уметникот Андријана Радевска од Скопје, која се претстави со 13 дела.
Темата за овој циклус е инспирирана од денешното модерно живеење, и сите стеги и маргини на општеството кои свесно и несвесно не наведуваат да бидеме она што треба да бидеме, а не она што навистина сме.

Биографија:
Aндријана Радевска е родена на 9-ти февруари 1991 година во Скопје. Заврши средно образование во 2009-та година во ДСУПУ,, Лазар Личеноски,,.Во 2013 година дипломираше на одделот за сликарство на Акедемијата за ликовна уметност во класата на професор Благоја Маневски во Скопје. Досега учествуваше на две групни ликовни изложби во Република Македонија.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања