Search
Close this search box.

Изложба на дела од Графичката ликовна колонија

Изложба на дела од Графичката ликовна колонија

Во ликовната гелерија на 28 февруари 2014 беше отворена изложба на графики од  Графичката ликовна колонија од Македонски брод, на која се изложени 30 графики.

Претставени се дела од учесниците на минатогодишната колонија – Лина Тренкоска, Верче Николоска(Прилеп), Александар Тасески(Прилеп), Славко Тренкоски, Ридван Алити, Мариа Минева, Елена Мирчева, Силвана Спасиќ, Јасна Дамњановиќ, Богдан Ѓориќ, Срџан Симиќ.

Ликовната графичка колонија од Пешна – Македонски Брод се одржува од 1996 година, со цел афирмација на дрворезот, графиката и уметниците. Досега имаат учествувано уметници од Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска, Канада и Америка, а изработени се над 400 графики. 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања