Search
Close this search box.

Изложба на дела од Кичевската ликовна колонија

Изложба на дела од Кичевската ликовна колонија

Во ликовниот салон од ЦК „Марко Цепенков“ e отворена изложба на дела од меѓународната Кичевска ликовна колонија, на која се изложени творби од 19 автори учесници на колонијата од земјата и од Бугарија, Србија, Црна Гора, Казахстан, Малезија, Албанија, Кипар …

Меѓу делата се наоѓаат и творби од еминентите македонски автори Жарко Јакимовски, Васко Ташковски, Слободна Милошески, Емил Шулајкоски, Ѓорѓи Чулаковски- Ѓото, Решат Амети, Христина Зафировска и др.

– Секој од овие творци преку изборот на својот ,,личен говор,, се обидуваат да воспостават една нова врска меѓу духот и сопственото време. Да ни ја откријат вистината и од онаа страна што ни е малку позната. Твроештвото е слобода на мислата, сублимат на духовната слобода. Времето што застанало на нивните платна и скулптури не е само време на уметникот, туку и наше време – ќе забележи Жарко Јакимовски.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања