Search
Close this search box.

Изложба на дела од колонијата Михајлово – Кавадарци

Изложба на дела од колонијата Михајлово – Кавадарци

Изложба на дела од ликовната колонија Михајлово од Кавадарци е отворена во галеријата (12.4.2013). На изложбата се изложени 22 дела (избор од двете колонии од 2011 и 2012 година)  од реномирани уметници – учесници на колонијата од земјата и странство, меѓу кои Трајче Блажевски, Татјана Медарова, Тони Чатлески, Виталиј Бондаренко, Анка Данаиловска,  Гордана Талевска, Светлозар Захариев, Ана Јанева и други, од Македонија, Бугарија, Украина…

Изложбата Центарот ја реализира во соработка со Домот на културата ,,Иван Мазов – Климе,, од Кавадарци, кој е организатор на колонијата.

Ефтим Клетников за колонијата ќе рече: ,,Еве не пред делата на ликовната колонија ,, Кавадарци – Михајлово,, Презентирани тука за да сведочат за Убавината, онаа која според големиот утопист Достоевски ќе го спаси светот. А тој свет со новите технологии и филозофијата на материјалниот профит, рака на срце, е се подалеку од неа и од Уметноста… Сликарите од Македонија, Украина, Полска, Хрватска, Србија, Турција, Словенија и Бугарија, застанаа пред белиот  метафизички простор на платното, за да го исполнат инспиративно, покажувајќи ја моќта на својот талент со обоени соништа и возбудливи ликовни фантазии,,.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања