Search
Close this search box.

Изложба на дела од Лесновската ликовна колонија

Изложба на дела од Лесновската ликовна колонија
Во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ е поставена изложба на дела од меѓународната ликовна колонија „Лесново 2018“ што по 27 пат годинава ја организираше Домот на културата „Злетовски рудар“ од Пробиштип.(16.11 – 30.11.2018).
На увид пред јавноста се 25 дела создадени од 15 уметници – учесници на колонијата од Македонија, Русија, Бугарија, Србија.
„Лесново„ е меѓународна ликовна колонија на која низ годините учествувале бројни уметници од земјата, од Русија, Бугарија, Англија и Србија, кои инспирирани од убавата природа создале вредни уметнички творби. Ги овековечиле убавините на Лесновскиот манастир, старата традиционална архитектура на лесновската куќа, карпестото опкружување….

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања