Search
Close this search box.

Изложба на дела од Ликовната графичка колонија – Македонски брод

Изложба на дела од Ликовната графичка колонија – Македонски брод
Изложба од 27 графики од меѓународната ликовна графичка колонија – Македонски брод е отворена во галеријата.(30.1. – 13.2.2015) претставени делата од 11 уметници од земјата и странство кои учествуваа на минатата графичка колонија. Според Александар Џинго куќата покрај двориштето на пештерата во Пешна, ги собира уметниците на овој современ свет во закрилата на графичката ликовна колонија каде што кругот на создавање на уметноста живее и не е затворен.
– Да се биде токму на оваа колонија значи да се оттргните од јароста и суровата стихија на секојдневието, па да се препуштите во светот каде што само уметноста има вредност. Пешна издишува сила и ги полни со енергија душите на уметниците, така што целиот свој креативен и естетски набој, тука, го преточуваат во создавање на неповторливоста во графичкиот лист. Уметниците создадоа графики кои содржат симболична порака на вечноста – истакнува уметникот Александар Џинго.

 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања