Search
Close this search box.

Изложба на дела од Мирко, Лидија и Марко Вујисиќ

Изложба на дела од Мирко, Лидија и Марко Вујисиќ

Изложба на дела од семејството Вујисиќ е отворена во Ликовната галерија на Центарот. ( 8.10 – 31.10.2021).

Изложените дела од Лидија Вујисиќ се во цртачка техника во пастел и се дел од циклусот „Ние во огледала“, на кои се претставени ликови од музката, актерството и ликовната уметност.

Делата од Мирко Вујисиќ воспоставуваат комуникација од чудесниот свет на внатрешни простори, мирејќи ги со префинетите цртачки структури и менталната предлошка, кои директно ја допираат светлината со темнината на човековата подвсест.

Прецизното рушење на раличните скалила на типови на реалност изразени преку високи хроматски температури и композиционалната напрегнатост визави композиционалната смираност ги бележат примарните ликовни иницијации кај делата на Марко Вујисиќ. Просторност постанува материја на формалните просторни конструкции, каде визијата и креацијата пробудуваат една нова форма на репрезентирање на пејсажите и урбаните средини.

Тројцата уметници се членови на ДЛУМ и учестувале на бројни изложби во земјата и во странство.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања