Search
Close this search box.

Изложба на дела од Прилепски автори

Изложба на дела од Прилепски автори

Изложба на дела од прилепски ликовни автори е отворена во ликовната галерија на ЦК„ Марко Цепенков“ (23.2.- 9.3.2018). На увид се 30 дела од уметниците од градот изработени во најразлична техника.

Изложбата ја отвори историчарот на уметност Викторија Димеска која посочи дека претставени се дела од прилепски уметници кои неуморно и упорно дејствуваат на сцената на уметноста, секој поединечно со својот ликовен јазик, израз и соодветна сликaрска техника – акварел, акрил, темпера, масло на платно, комбинирана техника, колаж или скулптура, збогатувајќи го нашето секојдневие со одблесоци на вечноста и спокојството.

Посетителите ќе можат да проследат творби од Драган Михајлоски, Ангелка Башеска, Александра Ацеска, Драган Верговски – Алпи, Златко Крстевски, Емил Димоски, Павлина Илијеска, Наде Тоскоска, Васил Костов, Марија Ѓорѓиоска, Илија Миноски, Верче Николовска, Анита Сотировска, Александра Богоеска, Филип Перески, Марта Макеска, Лепа Милошевска, Емил Солески, Методи Исков, Стеван Василески, Александар Џинго, Методија Јорданоски, Михајло Ристески, Тони Чатлески, Мартин кондоски, Марјан Стојаноски, Јамсина Руневска, Дарко Талески, Ферди Булут…

 

 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања