Search
Close this search box.

Изложба на дела од Валентина Стевановска и Миле Брцески

Изложба на дела од Валентина Стевановска и Миле Брцески

Изложба од десетина дела во полиестер и метал од Валентина К.Стевановска и Миле Брцески e отворена во 19.00 часот во галеријата ,,Борко Лазески,,.

Делата од Валентина К. Стевановска се дел од циклусот Македонија преку кои ја пренесува апропријативна идеја за љубовта кон татковината , како и  нејзиното разбирање и артикулацијата. Стевановска завршува ФЛУ во Скопје, оддел скулптура, каде и магистрирала. Работи како доцент на ФЛУ и досега реализирала повеќе самостојни и групни изложби во земјата и во странство, како и монументални работи, меѓу кои и коњаникот Воин  на коњ и фонтаната во Скопје.

Делата од  Миле Брцески се на тема,,Компаративна игра,, преку кои  тој нуди еден реалистично-фигуративен концепт, при што е реализирана  идејата која е содржана низ процесот на метаморфоза и трансформација на духовните и традиционални вредности прикажана преку играта на човекот-дете,преку полното и празното,преку блискоста и далечината .

Миле Брцески има завршено ФЛУ Скопје, учествувал на повеќе изложби, а бил автор и на  неколку проекти, меѓу кои и на  Коњичката скулптура на Тодор Александров во општина  Кисела Вода, како и добитник  на повеќе награди.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања