Search
Close this search box.

Изложба на дела од Вевчанската колонија

Изложба на дела од Вевчанската колонија
,,Вевчански видувања,, е тематската изложба отворена во галеријата. Изложени се 30 слики насликани од уметници од земјата и странство, меѓу кои реномираните македонски творци академик Васко Ташковски, Павле Кузмановски, Петар Попчев, Новица Трајковски, Томе Мишев, и др. учесници на меѓународната Вевчанска ликовна колонија.
– Сликарите дојдени од повеќе земји потврдуваат дека во Вевчани сликарот може да ја наслика тишината, но и светлината да ја преточи во рапсодија од бои, подарувајќи на платното, во знак на взаемна и вечна творечка љубов, самопочит и разбирање – вели новинарот Мишо Китановски.

Вевчанската колонија постои од 2010 година. Досега учествувале над 50 реномирани ликовни ументици не само од Македонија, туку и од Русија, Грција, Бугарија, Албанија, Србија, Египет, Франција.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања