Search
Close this search box.

Изложба на дела „Уметност, меѓународна група и пријателите“

Изложба на дела „Уметност, меѓународна група и пријателите“

Во ликовниот салон е отворена изложба на дела „Уметност, меѓународна група и пријателите“, на која се претставуваат 15 уметници. (19.07. до 1.7.2019)
Преку изложбата се обединуваат уметниците , со што се поттикнува меѓусебното пријателство и соработка. Изложени се дела од Светлана Еланцева,(Русија) Светлана Соло,(Русија), Олга Панкина (Русија), Габриеле Смоларз ( Велика Британија), Стефан Хаџи Николов, Новица Трајковски и Душан Коцев (Македонија), Павлина Копано (Бугарија), Светлозар Недев (Бугарија), Гајана Доброволскаја (Русија), Клеменс Бенкун (Кореја), Тодор Шербанеску (Романија), Маргарита Григорова (Бугарија), Алексеј Шеболдаев и Фјодор Сухинин (Русија).

Изложбата ја отвори Викторија Димеска која која посочи дека преку групата уметници имаат прилика да споделат сегменти од нивната духовна и материјалната култура, јазик, традиција, бидејќи уметноста за нив е средство за меѓусебно разбирање и комуникација.

– Уметничките дела изобилуваат со различни мотиви, пејзажи и градски ведути, реализирани во различни уметнички стилови – реализам, апстрактен пејзажизам, геометриска апстракција, енформел, симболизам, надреализам – рече Димеска на отворањето на изложбата.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања