Изложба на ДЛУП
Групна изложба на дела од членовите на ДЛУП е отворена во петокот – 3 април 2015г. во ликовниот салон на Центарот. На изложбата се изложени 40 дела од 30 уметници, членови на ДЛУП.
Изложбата е во рамките на програмските активности на ДЛУП преку која се презентираат новосоздадените дела на сликарите, скулпторите, вајарите, графичарите кои своите творби ги изработија на слободни теми во последните две години.
На отворањето на изложбата градоначалникот Марјан Ристекси ги доделе наградите:
за животно дело ,,Велебит Рендиќ,, на Илија Миноски,
за сликарство ,,Борко Лазески,,на Тони Чатлески
за вајарство ,,Јордан Грабул,, на Марјан Стојаноски и
за графика ,,Ордан Петлески,, на Александар Џинго