Search
Close this search box.

Изложба на Доне Милјановски

Изложба на Доне Милјановски

Во галеријата од ЦК ,,Марко Цепенков,, во Прилеп е отворена изложба на академскиот уметник Доне Милјановски, кој се претстави со 20 дела во комбинирана техника (14- 27 август 2015)

Милјановски е автор кој 45 години твори плодотворно, создавајќи богат опус на дела во различни ликовни дисциплини и техники и тоа таписерии, цртежи, графики, слики, илустрации, сценографии, костимографии, дизајн. Еден од најзначајните домени во кои тој твори, а кои се сметаат кај нас за едни од изумрените медиуми на уметничка експлорација е таписеријата.

За Милјановски

Милјановски со делата во комбинирана техника, во кои надреалното чествување на уметничкото дело се уште провејува во смисла на распоредување на елементите на површината, одново користејќи некои нему својствени приказни, глетки, објекти, но она што е посебно моќно и провејува се свртува кон христијанството, кон фигуративното, кон создавањето на интересни споеви на профаното и сакралното, создавајќи лична, индивидуална визија за судирот на човечката природа, за неговата вечна борба за спасение, за изложеноста на постојаните искушенија и страдања. Од друга страна тоа е еден вид опомена за трката по материјалноста и изгубените човечки вредности… вели за неговото творештво Ана Франговска – Стојановска.

Биографија

Доне Милјановски е роден 1941 година во с. Статица, Грција.

Во 1967 година дипломира на Академијата за применета уметност во Будимпешта.

Во 1968 година се враќа во Македонија и истата година станува член на ДЛУМ. Во 1977 година оди на студиско патување во Париз, а во 1991 година станува дoцент по предметот текстилен дизајн на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

Живее и работи во Скопје.

Самостојни изложби:

1977 –Скопје, таписерии – Уметничка галерија Скопје

1982 – Скопје, Цртеж – Музеј на современата уметност – Скопје

1985 – Куманово, таписерии – Уметничка галеија – Куманово

1985 – Грожњан, Словенија, акварели – ликовни средби

1986 – Будимпешта, цртежи – Клуб на уметниците, Будимпешта

1994 – Охрид, Велестово, слики – црковна трпезарија

1997 – Охрид, слики – галерија Уранија

1997-  Скопје, слики – Отворено графичко студио, Музеј на град Скопје

1999 – Скопје, цртежи – Музеј на град Скопје

2011 – Охрид, слики – Спомен куќа “Робевци”

2011 – Скопје, ретроспектива – Мала Станица

Покрај самостојните, тој учествува и на многу групни изложби во Македонија и во странство.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања