Search
Close this search box.

Изложба на фотографии ,,Анаграми за себепрепознавање,, од Александар Ѓорѓиев

Изложба на фотографии ,,Анаграми за себепрепознавање,, од Александар Ѓорѓиев

Љубителите на ликовната уметност во ликовниот салон на Центарот имаат можност да ја проследат изложбата на фотографии ,,Анаграми за себепрепознавање,, од фотографот Александар Ѓорѓиев (17.7. до 31.7.2015)
Ѓорѓиев, кој работи во Министерството за култура и кој има реализирано повеќе изложби, проекти, работено на публикации и монографии, на филм, за првпат во родниот град се претставува со 20 фотографии на тема ,,Анаграми за себепрепознавање,, за кого д-р Владимир Величковски вели дека е вљубеник во автентичното макеоднско, античко, ранохристијанско средновековно наследство.
– Оттука нема ништо необично кога за предмет за обработка зема фрагменти од црква или манастир, мотив од некоја икона или мозаик, комбинирајши ги со различни симулирани потези на четка кои на делата им давит одмерена сугестија и надреалност. Визуелните колажи во слојноста содржат детали на препознатлив фрагмент кој во контраст со соседниот дел го предизвикува оној провокативен момент на откривање и талкање по површината. Ова е една техничка и етсетска фотоартистичка изведба со пријатно неповторливо доживување на сликите на мотивите од Македонија – вели Величковски.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања