Search
Close this search box.

Изложба на фотографии,, Моќта на боите,,

Изложба на фотографии,, Моќта на боите,,

,, Моќта на боите,, е тематската изложба на фотографии која на 16 мај (16 до 28 мај) 2012 година беше  отворена во изложбениот салон на ЦК ,,Марко Цепенков,,. На изложбата што Центарот за култура ја реализира во соработка со Амбасадата на СР Германија во Македонија се презентирани 19 фотографии.

Според Гудрун Штајнакер, амбасадор на СР Германија, изложбата ,,Моќта на боите – црно-црвено-златно,, е извонреден пример за тоа како човек може уметнички – креативно и имагинарно критички да се однесува со еден национален симбол, односно националното знаме на Германија.


-На проектот,, Моќта на боите,, му успева да проговори на разигран, но и критички однос кон националниот симбол на Германија. Ширум светот дизајнерите и уметниците се замолени содржински и ликовно да се соочуваат со црно – црвено- златното знаме, обликувајќи го преку својата уметничка творба сопствениот став кон Германија. Освен тоа, протагонистите се портретираат со германското знаме. Широката лепеза од објекти и фотографии со соодветни текстови отсликува како скепса, така и водушевување, репрезентирајќи низа ставови и мислења за Германија. Во проектот учествуваа и учениците од ЕСМОД – модното училиште од Берлин, кои изработиле облека и други предмети од оригиналниот материјал на знамето. На изложбата се презентираат и фотографии од тие творби – велат од германската амбасада.


 Изложбата досега е претставена во Шангај, Пекинг, Техеран, Џакарта, Скопје, Атина, Берлин…

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања