Search
Close this search box.

Изложба на фотографии од Роберт Јанкулоски

Изложба на фотографии од Роберт Јанкулоски

Во галеријата е отворена изложба на фотографии ,,Поглед од прозорец,, од фотографот Роберт Јанкулоски.

Иэложбата „Поглед од проэорец” ја сочинуваат дваесет големоформатни фотографии снимени эа време на студискиот престој на авторот во 2012 година во Париэ.

Иэложбата е омаж на првата фотографија / хелиографија снимена во светот која го носи истиот наслов.

– Сакав да покажам дека и со иэборот на само „еден поглед” може да се направи серија на фотографии што ќе бидат раэлични една од друга, а со самото тоа нема да бидат эдодевни эа гледање – вели Јанкулоски.

Податоци за авторот

Роберт Јанкулоски е роден во Прилеп, 1969. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Oтсек Филмска и Тв камера во 1997. Магистрирал на Универэитетот эа аудиовизуелни уметности ЕСРА во 2011. Основач е и директор на Македонски центар за фотографија. Предава фотографија на Катедрата по фотографија на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА во Скопје и на Катедрата по камера на Факултетот за драмски уметности на Државниот универзитет во Тетово. Има одржано 28 самостојни изложби и учествувал на голем број групни изложби. Добитник е на неколку награди од областа на фотографијата и филмската камера.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања