Search
Close this search box.

Изложба на фотографии од Зоран Ивановски

Изложба на фотографии од Зоран Ивановски

Во петокот на  10 јануари 2014, во галеријата од ЦК,, Марко Цепенков,, беше отворена изложба на фотографии ,,Карпите на Трескавец,, од фотографот Зоран Ивановски од Скопје, член на фото клубот Елема, кој с епретстави со 30 фотографии.

Со оваа изложба Центарот ги започна годинешните активности на ликовен план, при што се очекува и во 2014 г. да се реализираат бројни самостојни и групни изложби како од уметници од земјата, така и од странство.

Зоран Ивановски е роден во Скопје, 1969 година. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Скопје 1993 година. Од 1999 се бави со фотографија, а од 2000 е член на фото-клубот ЕЛЕМА од Скопје. Учествува на републички (Денови на Македонска фотографија, групни изложби на ЕЛЕМА), регионални, како и на меѓународни изложби во организација на ФИАП. Редовно изложува на изложбата ФОТОМЕДИА-принт изложба во организација на фото-клубот ЕЛЕМА. Самостојно изложувал 2004 во Скопје на тема ‘Листови’ како и 2013 во Белград со темата ‘Карпите на Трескавец’. Неговиот творечки фокус концентриран е на формите и облиците на природата. Повеќе од една деценија посветено ја истражува природата на Трескавец.

 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања