Search
Close this search box.

Изложба на Горан Јованов

Изложба на Горан Јованов

„Записи 2“ е тематската изложба на графики и слики од уметникот Горан Јованов што е отворена во галеријата од Центарот. Пред прилечани Јованов  се претставува со дела со линија, форма, симбол, кои се всушност хармонични сцени на безвременски простор полн со мистичност.

Јованов  магистрирал на ФЛУ во Скопје на отсек графика под менторство на проф. Димитар Малиданов. Реализирал повеќе изложби во земјата и во странство.

М- р Христијан Санев,претседател на ДЛУМ за творештвото на Јованов

– Природата, со целата своја флуидност, може да се рече дека е извор на творечката инспирација на младиот ументик Јованов. Креативниот импулс, во овој циклус на изложени графики, слики и цртежи се всушност хармонични сцени на безвременски простор полн со мистичност. Вараијабилност и врежаност на неповторливи моменти, постојано движење и мултиплицирање на ликовни елементи, суптилна градација на воздушести тонови и неповторливост на подвижни слики, даваат еден етеричен и треперлив тон на мистерија. Во неговиот творечки опус, авторот се стреми кон оптички ефект на рефлексија и мултиплицирање на природни и ликовни симболи, користејќи ја неисцрпната и неограничена можност на класичниот графички медиум. Цртежот како носечки елемент во пристапот на графичката уметност на Јованов,  претставува врежан доживеан момент, кој транспонирајќи се од скици во цртежи, а потоа во графички лист, станува траен белег на неговото постоење. Варијабилноста и времетраењето кое е приметливо во делата на овој автор е само уште еден начин на современ третман на графиката. Комбинација на компатибилниот традиционален и модерен пристап на графичкиот израз, станува проекција на потески простор кој природно се создава во неговите дела. Хармонични сцени во кои се спојуваат голем број амбивалентности – микро/макро пејзаж, дрвороз/дигитално печатење, реалистично/ надреално, објективност/ субјективност, времетрање и вечност/ варијабилност и неповторливост, слично/ различно и уникатно, и т.н….

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања