Search
Close this search box.

Изложба на графики

ИЗЛОЖБА НА ГРАФИКИ
Во галеријата е отворена изложба на графики од графичката колонија – 2010 – 2011 од Македонски брод. Презентирани се 27 графики од уметници од земјата и од странство. Изложени се дела од Александар Тасески – Џанго, Симон Шемов, Ива Јосифова, Јадранка Урдаревска, Дарко Трпчески, Андријана Начевска – Мациев,  Нагип  Исмаили, Дијана Богдановска, Славко Тренкоски – Лок,  Лина Тренкоска, Билјана Бинкев,  Горан Јованов,  Арнела Муриќ, Неврус Каралешит, како и од бугарските графичари Михаела Ганчева – Гаджева, Татијана Илиева – Златева и Марија Ефтимова. Според доцент Марија Ефтимова, харизматичната природа на Поречието, создала една волшебна атмосфера и им овозможила на творците во Колонијата да ги пресоздадат своите чувства, мисли и состојби на духот во неверојатната исказна форма на графиката. Авторите експериментирале со нивниот израз, работејќи во различни насоки на современата уметност. Едни зборуваат за израз на мисли и чувства, други за филосовско толкување, трети за традицијата.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања