Search
Close this search box.

Изложба на графики од Евгениј Пантев

Изложба на графики од Евгениј Пантев

Во галеријата од Центарот,  на 14 февруари 2014 година, е отворена изложба на графики од уметникот Евгениј Пантев, кој се претставува со 25 графики.

Евгениј Пантев, дипломирал на одделот за графика и графички дизајн на Факултетот  за Ликовни уметности ,Скопје. Моментално e на постдипломски студии на ФЛУ Скопје. Реализирал групни изложби во Македонија, Бугарија,Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, Грција, Турција, Шпанија, Португалија, Франција, Англија, Италија, Полска, Литванија, Холандија,Англија, Египет, Канада, Јапонија, Кина, Русија, САД , како и самостојни  во Скопје, Битола, а учествувал и на воркшопови, колонии.

Според Дејан Буѓевац, Евгениј Пантев, со својот досегашен опус, артикулира тивок графички интегритет посветен на сопствената лексика, на своите ликовни медитации и на перманентната проверка на ликовниот ентитет на сувата игла(длабок печат), како не-случаен избор во личниот творечки чин.   

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања