Search
Close this search box.

Изложба на графики од Симона Јакимовска

Изложба на графики од Симона Јакимовска

Во галеријата од ЦК„Марко Цепенков“ е отворена изложба на графики од уметницата Симона Јакимовска, која се претстави со 25 дела.(3 -9.10.2018). Отворањето на изложбата предизвика голем интерес кај посетителите. Особено кај учениците од средните училишта, кои имаа можност на лице место да се запознаат со графиката како техника.

Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар на уметност која посочи дека графиката денес е една од најмалку истражените техники особено на полето на современиот ументички јазик и развојот на современата технологија.

– Уметницата Јакимовска се претставува со графики и цртежи кои се внимателно креирани во последните неколку години. Творештвото на уметницата проектира апстрактно асоцијативни теми, кои претставуваат нејзин основен и примарен терен на истражување, меѓу кои и се вбројуваат и темите кои се однесуваат на постојаната промена на материјата и духовните состојби изразени преку линијата, точката, кругот, бојата – посочи Димеска.

Симона Јакимовска завршила ФЛУ, отсек графика и досега реализирала неколку самостојни изложби.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања