Изложба на Ива Јосифова, Горан Боев и Трајче Јованов
Изложба на слики од Ива Јосифова, Горан Боев и Трајче Јованов, уметници од Кавадарци е отворена во галеријата на ЦК,,Марко Цепенков,..Уметниците првпат се претставуваат пред прилепските љубители на ликовната уметност.
Ива Јосифова дипломирала на ФЛУ во Скопје, отсек сликарство и рачно правена хартија. Досега има реализирано многубројни смаостојни и групни изложби во земјата и во странство, а е добитник на повеќе награди.
Горан Боев завршил ФЛУ на отсекот за сликарство со конзервација и реставрација. На истиот факултет и магистрирал. Еден период работел како асистент на Факултетот за Арт и Дизајн при Европскиот Универзитет на Р. Македонија (ЕУРМ), а од 2011до 2014 година работи како зограф во манастирот Св. Јован Крстител (Бигорски манастир). Пред македонската публика, досега, се има претставено со 9 самостојни изложби, а учествувал на бројни групни изложби ликовни колонии во земјата и странство. Има остварено студуски престој во САД, Франција и Италија.
Трајче Јованов, ФЛИ завршил на на отсекот за графика со конзервација и реставрација. Досега имал една самостојна изложба и учествувал на повеќе групни изложби.
И тројцата уметници се членови на ДЛУК.