Search
Close this search box.

Изложба на карикатури од Алла и Чавдар Георгиеви (Бугарија)

Изложба на карикатури од Алла и Чавдар Георгиеви (Бугарија)

Во ликовниот салон е отворена изложбата на карикатури ,,Панаѓур на суетата,, од бугарските карикатуристи Алла и Чавдар Георгиеви. Карикатурстите на изложбата во Прилеп се претставуваат со 40 карикатури.Центарот изложбата ја реализира во рамките на плодната и повеќегодишна   соработка со Културниот центар на Бугарија во Р. Македонија.

 

Податоци за авторите

Алла и Чавдар Георгиеви работат заедно  од 1982 година. Носители се на повеќе од 30 национални и меѓународни награди … Реализирале 5 самостојни изложби во Домот на хуморот и сатирата во Габрово, Бугарија, во Центарот за развој на уметноста во Киев, Украина, во Oстен во Скопје, Македoнија… Имаат издадено авторска книга со сатирични цртежи “Изгонети од рајот”. Автори се на над 60 корици од книги, а нивни творби се во Музејот на карикатурата во Базел. Нивните дела се публикувани во бугарскиот периодичен печат, како и во ‘Witty World’, САД; ‘Oulenshpigel’,Германија; ‘Spillki’, Полска;“Московскиикомсомолец”,Русија; Tanz-o-caricature,Иран.

Соработници се на списанието ‘Economist’ и‘Intelligent Life’. Работат на секојдневна карикатура во весникот “Новинар,, а  соосновачи се на Здружението ‘Cartoon art’  и онлајн медиумот ‘Fras Control’.

Живеат и работат во Софија, Бугарија.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања