Search
Close this search box.

Изложба на Мариана Везарова

Изложба на Мариана Везарова

,,Едно лето,, е тематската изложба на слики од уметницата Мариана Везарова од Бугарија, што е отворена во галеријата од Центарот.

На Везарова и е прво претставување во Прилеп, а преку делата ја пренесува убавината на природата, на мистичното кај морето, тревите, дрвјата, цветовите. Тука е и божјото присуство, силата на љубовта.

– Делата, акрил на платно ги насликав на убави места низ Македонија, како Михајлово, Валандово, Кавадарци со многу емоции – вели Везарова.

Податоци за уметницата:

Мариана Везарова има завршено Уметничка академија во Софија во класата на професорот Васил Овчаров. Завршила и арт менаџмент во Бостон, САД. Имала изложби во галерии низ Бугарија, Канада, Велика Британија. Нејзини слики се наоѓаат во Мароко, Јапонија, Африка, Франција, САД, а учествувала на колонии во Бугарија, Македонија, Бали, Грција.

12 години работи како професор на Универзитет во Благоевград. 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања