Search
Close this search box.

Изложба на скулптури од Никола Смилков

Изложба на скулптури од Никола Смилков

Изложба на скулптури од д-р Никола Смилков е отворена во галеријата на Центарот. Вајарот пред нашите сограѓани се претставува со 12-ина дела, за кои Горанчо Ѓорѓиевски вели дека се од областа на апстрактно-геометризираната скулптурална форма.

Секое негово дело е конципирано како монументално дело.  Смилков преку уметноста ги разјаснува своите мисли за скулптурата како неограничен и бескраен простор на изразување – вели Ѓорѓиевски.

Никола Смилков е професор на Универзитетот ,,Гоце Делчев,, во Штип. Досега реализирал повеќе проекти, самостојни изложби во Штип, Скопје, на групни во Велес, Скопје, во Велико Трново и Шумен во Бугарија, Даниловград во Црна Гора, во Србија, Словенија…

Добитник е на повеќе награди, меѓу кои прва награда за спомен обележјето ,,Бранителите на Македонија,, награда за скулптура на ДЛУМ ,,Димко Тодороски,, како и за Спомен-обележјата Александар трети Велики Македонски  и  Аристотел во Штип.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања