Search
Close this search box.

Изложба на слики од Драган Темовски

Изложба на слики од Драган Темовски
На 25 октомври 2013 г., во ликовниот салон на Центарот во 19.00 часот беше отворена првата самостојна изложба на д-р Драган Темовски, член на ДЛУП. Темовски се претстави со 20 дела работени подолги години.

За творештвото на Темовски
Во животниот пат на Д-р Драган Темовски, уште од најраното детство е забележан неговиот креативен дух, кој постојано го прати и го тера да твори, создава и бара нови предизвици на се она што носи предзнак уметничко. Уште како многу млад во средношколските денови прави обиди во скулптурата, работејќи на бистата на Мирче Ацев. Нови предизвици бара во резбата, применетата уметност, за да последните 15 години поинтензивно му се посвети на сликарството. Иако, како професија ја избира медицината, поточно хирургијата, всушност духовноста е онаа тенка нишка која ги врзува и двете подрачја на делување, хирургијата како професија и уметноста како надоградба. Резултат на ликовниот живот, кој го води напоредно со професионалниот, е оваа прва самостојна изложба. Иако тематскиот избор е разновиден, подеднакво зад секое негово дело стои посветеност, прецизност во преносот на виденото и обработката на деталот, заокружени со сензибилен колорит, независно дали приказот е реален или апстрахиран. Сето тоа, многу јасно се отсликува на презентираните творби, кои се само дел од неговото севкупно творештво. Д-р Темовски досега изложувал на повеќе групни изложби. Член е на Друштвото на ликовни уметници – Прилеп од 2012 година – вели Лепа Милошевска, историчар на уметност.
Биографија
Д-р Драган Темовски, хирург, е роден 1955 година во с.Фариш, Кавадаречко. Основите за уметноста и науката ги стекнал за време на основното и гимназиското образование во Прилеп. Учествувајќи во разни секции, се занимавал со резбарство, бродо и ракетно моделарство, фотографија, сликарство и вајарство. Медицински факултет завршил во Белград 1982 година, а специјализација по Општа Хирургија во 1993 година на Хируршката клиника во Скопје. Во слободното време со сликарска активност повторно почнува да се занимава од 1998 година, а поинтензивно од 2002 година. Има створено над 80 дела. Уметноста му претставува составен дел од секојдневната активност, како дома така и професионално како хирург.
Неговата активност тука не застанува, продолжува и понатаму.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања