Изложба на слики од Павле Кузманоски
Со изложба на слики од реномираниот македонски уметник Павле Кузманоски од Тетово што е во галеријата од ЦК,,Марко Цепенков,, (3.7. -16.7 2015) започна годинашната манифестација Прилепско културно лето. Кузманоски се претставува со 23 дела од циклусите Пријатели, Традиција, Искуство, Сведоци и Автопортрети.
Прилепчани за првпат имаат можност да се запознаат со сликарството на Павле Кузманоски кое е многуслојно, полно со енергија, продуховеност и уметничка естетика, творештво кое остава длабоки траги во современата ликовна уметност во Македонија, за што е добитник на бројни награди.
Инаку, во рамките на Прилепското културно лето, кое ќе трае до 4 септември, ќе се одржат 30 настани, концерти, изложби, промоции на книги, меѓу кои ликовната колонија Дрен (од 3 до 20 јули), настапите на фолклорни друштва од земјата и странство, манифестацијата Балкански фолклор, концерт на ЕР Стрингс, промоција на списанието Стремеж…