Search
Close this search box.

Изложба на слики од Трајче Чатмов

Изложба на слики од Трајче Чатмов

Изложба на слики од Трајче Чатмов е отворена во галеријата во рамките на Прилепското културно лето (9.7.2013). Уметникот се претставува со дел од творештвото во кое го пренесува сопствениот свет.

– Сликите ги создавам онака како што во тој момент посакувам, без некоја фискна идеја која е непроменлива, туку напротив е идеја која постојано се менува, дише, живее со мене, идеја за која не постои целосна свесност и намера за реализација, туку едноставно желба за бекство некаде каде што јас посакувам. Мој свет, мое господарство создадено за мене, преку кое гледачот ќе го доживее сопствениот свет градејќи кула од чувства  – вели уметникот.

Трајче Чатмов завршил ФЛУ во Скопје – педагошко сликарство во класата на Рубенс Корубин, а магистрирал  сликарство и естетика во класата на Родољуб Анастасов.

Реализирал самостојни изложби во Скопје, Охрид, Велес, изложувал на групни во земјата и во Германија, Бугарија, Чешка, Словенија, Србија…

Учествувал на Школата за анимиран филм и во 1997 година ги освоил наградите за најдобар краток документарен филм и за најдобра камера.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања