Изложба на Тома Димовски
Изложба на слики – акрил од Тома Димовски е отворена (30.11.2012) во ликовниот салон на ЦК,,Марко Цепенков,,. Уметникот се претстави со 20 дела работени во изминатите неколку години. Изложени се дела кои се направени од 2000 година па наваму. Многу од овие слики првпат се претставуваат во Македонија, а два пејсажа од Лазарополе се направени во месец октомври.
Тома Димовски дипломирал етнологија на ПМФ. Слика од 13 години. За време на своите студии паралелно ги истражува тајните на сликарството. Во ова му помагаат неколку негови постари пријатели дипломирани сликари вајари и историчари на уметноста.
После дипломирањето започнува да ги реализира своите самостојни (десетина), а поретко групни изложби. После 2000 година прави и неколку инсталации, а од 2008 наваму се интересира и за звучната скулптура. Учествува на повеќе ликовни колонии во Македонија и Србија.