Изложба на Трајко Тошевски
(9 јули) Од 9 јули во Ликовната галерија поместени се дваестина слики – масло на платно на академскиот сликар Трајко Тошевски. Сликите се работени во техниката масло на платно и се дел од најновото творештво на Тошевски. Се работи за сликарски израз сведен на знаци и симболи поставени во разни контексти и позадини. Изложбата е подржана од Министерството за култура на Република Македонија.