Search
Close this search box.

ИЗЛОЖБА НА ЦРТЕЖИ ОД КАЛИН НИКОЛОВ

ИЗЛОЖБА НА ЦРТЕЖИ ОД КАЛИН НИКОЛОВ

Во ликовниот салон на 6 декември 2013 беше отворена изложба на цртежи од бугарскиот автор Калин Николов.  Уметникот за првпат во Прилеп се претстави со 40 цртежи. Центарот за култура изложбата ја реализира во соработка со Бугарскиот културно информативен центар од Скопје.

Калин Николов е роден 1956 година во Софија. Завршил ВИИИ”Николај Павлович”. Работи во Националната галерија  за уметности. Предавал историја на уметности во неколку уметнички колеџи, автор е на книги, илустрации.

Работи карикатури, графики, слика, но и активно пишува статии произнесувајќи се за проблемите во културно историското наследство.

Имал самостојни изложби во Софија, Хамбург, Атина, Будимпешта, Скопје.

Негови дела се во Софиската градска галерија, во Домот на културата во Габрово, Националниот Музеј на бугарската литература, во Музејот во Хамбург, како и во збирки во Франција, САД, Германија, Австрија, Грција, Унгарија, Србија …

 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања