Search
Close this search box.

Изложба од Анѓел Димовски Чауш

Изложба од Анѓел Димовски Чауш

,,Антроморфен и зооморфен имагинариум,, е тематската изложба од Анѓел Димовски Чауш отвотрена во ликовната галерија (24.11- 7.12.2017) Уметникот се претставува со скулптури, цртежи и објекти, кои генерираат и суптилно варираат од современата западно европска ументост, преку влијанија од големиот опсег на синкретичната уметност од минатите периоди на развој на уметноста и традициите.

Изложбата ја отвори Елизабета Дерменкоска Цефи.

-Уметничките оставрувања на Анѓел Димовски создадени во сегашноста се всушност еден вид спона помеѓу минатото и иднината што ни следи.

Димовски во едните извајал, а во другите ја насликал силно и сугестивно нашата врска со древното во нас. Има нешто што не успокојува во овие дела, тоа можеби е континуитетот за нашето постоење раскажан со уметничкиот јазик на уметникот – вели Дерменкоска, според која уметничкиот опус на Димовски начнува многу теми и сите тие директно се однесуваат и го слават животот, начинот на кој го живееме и грижата за древното.

Уметникот има завршено ФЛУ во Скопје, вајарски отсек во класата на проф.Димо Тодороски. Реализирал повеќе изложби во земјата и во странство, бил учесник на колонии, учествувал на конкурси, добитник е на награди, а остварил повеќе студиски патувања во Италија, Франција, Шпанија, Германија, Грција, Египет, Турција, САД…

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања