Изложба ,,Одблесок на глувите ,, од Јана Куновска
Во галеријата од Центарот отворена е изложбата ,, Одблесок на глувите,, од Јана Куновска, којa се претставува со 15 дела – слики и монотипии, за кои Владо Манчевски вели дека се сибелинска сочност (27.2.do 13.3.2015)
Јана Куновска дипломирала на ФЛУ во Скопје, во калсата на проф. Танас Луловски, каде и магистрирала. Во тек е со докторските студии на Универзитетот во Белград.
Реализирала повеќе самостојни и групни изложби во земјата, Германија, Бугарија, Хрватска, а добитник е на повеќе признанија.