Search
Close this search box.

Изложба „Орнаментот како пејзажен знак“од Атанас Атанасоски

Изложба „Орнаментот како пејзажен знак“од Атанас Атанасоски

Во ликовната галерија уметникот Атанас Атанасоски го реализираше проектот „Орнаментот како пејзажен знак“. (22.6.5.7.2018)

Идејата за реализација на проектот сé надоврзува на претходните изложби/ инстаалции на авторот, во кои концепцијата се темели на монохромијата, минимализмот, математиката – геометријата (лини, форма, структура, боја.) и имаат за цел да ја бараат естетиката на хармонизирање на соживотот помеѓу човекот и природата.
-Проектот нуди можност за пристап кон уметничкото изразување кое поради растечките еколошки и социјални проблеми станува се порелевантно и социјално ангажирано…. Орнаментот во овој проект нема само декокративна функција, туку претставува конститутивен елемент кој ја изгради семиолошката и симболичка структура. Тој ќе се манифестира како „стилистички факт на просторни метафори, откривање на галактички светови. Ритамот на сопствениот тивок криптичен говор, редењето на трновитата вегетација од спектар на структура и колорит, дел по дел, ќе се соединат во една целост, која ќе рефлектира високо софистицирано „текстуално“ ткаење. Различните геометриски барелјефни мотиви, прелеани во својата глобална композицциска структура, низ континуираното ритмичко мултиплицирање во различни насоки ќе го активира динамичниот тек на ликовното дело. Светлината (иако ќе вибрира врз композицијата, со благите прелевања на светло-сенките, уште повеќе ќе ја ритмизираат и динамизираат играта на фасцинации, создавајќи го монументалниот мозаик – вели уметникот Атанасоски.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања