Search
Close this search box.

Изложба посветена на Василие Поповиќ – Цицо

Изложба посветена на Василие Поповиќ – Цицо

Изложба со над 100 експонати, сценографски и костимографски скици, карикатури, лични предмети од Василие Поповиќ – Цицо, е отворена во галеријата по повод 100 години од раѓањето на основоположникот на македонската сценографија. Публиката има можност да проследи интересна изложба, која е за паметење.

– Кога денес ги гледаме неговите цртежи, скици, сценографски и костимографски … не можеме да не му се восхитуваме на човекот чиј што дионисиски слободен дух бил поголем и посилен од сите правила и граници. Живеејќи ги ригидните години на поствоениот југословенски и македонски комунизам или социјализам, овој необичен човек и надстандардно надарен и продуктивен творец како да сакал, ама и умеел, токму ним да им биде засечка. Како да уживал во самостекнатиот флуиден статус на камчето во чевелот на епохата, што, благодарение на својот слободарски дух и ,,откачен,, поглед на свет, лично си го издејствувал и тврдоглаво го бранел. Во текот на својата кратка, одвај 18-годишна сценографска и костимографска кариера започната 1940 а заклучена со неговата прерана смрт (на 49 години), Цицо исцртал, изградил и разурнал 85 сценографии за сите видови претстави: 52 драмски, 16/17 оперски, 16 балетски. Освен во својот матичен Македонски народен театар, каде што сработил вкупно 64 претстави, соработувал речиси со сите театри во Македонија: Штип, Велес, Битола, Прилеп, Кочани, Турски театар, Албански театар, Драмски театар… вели Јелена Лужина.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања