Search
Close this search box.

Изложба „Превдомување“ од Јамсина Руневска

Изложба „Превдомување“ од Јамсина Руневска

Во ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“ е отворена изложбата „Превдомување“ од уметницата Јасмина Руневска.(13 до 26.4.2018). Станува збор за инсталација, имитација на Дом преку затворена композиција изработена со метална конструкција и саргии, во вид на кружна соба. Исполнета со објекти, сувенири, звук, светлина, мирисби(…) со цел да се воведе гледачот во приказната за амбиентална уметност, која преку оваа визуализација на домот раскажува нешто повеќе за идентитетот, традицијата, колективното несвесно. Изложбата ја отвори Бисера Бендевска.

Податоци за уметницата

Јасмина Руневска е родена во Прилеп, 1988 год. Дипломирала на Компаративна Книжевност (2012) и Ликовна Уметност – Сликарство (2014) во Скопје, Македонија. Во моментов работи на магистерските по Родови Студии.

Нејзините дела ги истражуваат проблемите на современиот женски идентитет преку меморијата и јазикот. Овие уметнички дела се состојат од мали субјективни приказни кои што се движат помеѓу објекти, линии, зборови, звуци и претставуваат отворени дела кои оставаат простор за повеќе-слојно исчитување. Руневска изложувала во Индија, Франција, Турција, Србија, Македонија.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања