Search
Close this search box.

Изложба „Прогрес“ од Методија Јорданоски

Изложба „Прогрес“ од  Методија Јорданоски
Во Ликовната галерија е отворена изложбата „ Прогрес“ од нашиот уметник Методија Јорданоски, кој се претставува со 15 дела.( 17.09. – 30.9.2021). Изложбата е поддржана од Министерството за култура, а ја отвори уметникот Дарко талески.
Јорданоски вели дека отсекогаш ја поврзувал уметноста со егзистенцијализмот, со филозофијата, а особено особено внимание му привлекувале минимализмот како уметнички правец, затоа што покажува многу со малку елементи.

 Филозофите од друга страна, кажувале многу со толку малку зборови. Имаме многу да покажеме, а толку малку покажуваме на светот. Во секој минималист се крие една мрзелива личност со големи идеи. Успева да допре до луѓето баш поради тоа заедничко чувство кое го делат. Всушност секогаш поврзаноста на едно дело со набљудувачот е заедничко чувство. Чувство на меланхолија, среќа, вознемиреност. Токму оттука уметноста е субјективна, затоа што авторот е комплексно суштество од збир на сите чувства и емоции кои гледачот ги препознава во себеси. Ги препознава, но не секогаш ги изразува. Сите ние го имаме чувството на мрзеливост, извор од кој доаѓаат изговорите за најголем дел од работите кои сме можеле, а не сме ги направиле, за потенцијалот и идеите кои сме можеле да ги искористиме, а не сме. Како и во животот, и во уметноста прогресот е некогаш поттикнат од уништување и самоуништување. За да биде пеперутката пеперутка, прво мора да е гасеница. Можеби не сме свесни дека понекогаш токму нашата автодеструктивност е само премин кон поголемо ниво на свест, кон нови идеи, кон сосема нов поглед на нештата, на свет кој ни бил пред очи, а сепак невидлив. Во делата се претставени емоционални и егзистенцијални состојби на човек, губење на себеси за повторно пронаоѓање и така во круг, се со цел движење на бесконечниот прогрес – потенцира уметникот.

Методија Јорданоски,завршил ФЛУ во Скопје. Работи како графички дизајнер. Има учествувано во повеќе групни изложби во државата и надвор. Номиниран е финалист на осмиот Интернационален конкурс за студентски плакат, Скопје – Enabled for Disabled .

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања