Search
Close this search box.

ИЗЛОЖБА „РАЃАЊЕ НА БИТИЕТО“ од АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ – ЈАНЕВ

ИЗЛОЖБА „РАЃАЊЕ НА БИТИЕТО“ од АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ – ЈАНЕВ
„Раѓање на битието“ е тематската изложба на скулптури од Александар Јанев отворена во ликовната галерија. ( 17.05. – 31.05.2019 ). На првото претставување пред прилепската јавност уметникот изложува над десетина дела преку кои дава одговор на прашањето Што е живо битие?
Изложбата на скулптури „Раѓање на битието“ од Александар Јанев – Јанев, ја отвори историчарот по уметност Викторија Димеска, која посочи дека творештвото на уметникот е блиско до геометриската апстракција.
– Вајарот при создавањето на скулптурата особено внимава на релејфната структура на материјалот. Тој претпазливо и будно пристапува при обработката на површината и доследно ја претставува елементарната форма на асоцијативнито облик. Со обликувањето на површината на вајарското дело, со помш на различните засечоци, врежувања, како и прицврстувањето на различни метални шајки, скулпторот прави обид да го разоткрие процесот на создавање и автоматско вмрежување во структурен скелт на цврстата материја… Во основа творештвото на Јанев се карактеризира со фигуративен начин на изразување и претставување на природни форми со асоцијативни претстави, стилизирајќи симболични композиции, кои ја хранат илузијата на креирање и создавање на материјата – посочи на отворањето на изложбата Димеска.
Александар Јанев од Гевгелија. дипломирал на УКИМ, Факултет за ликовни уметности Скопје, оддел вајарство со графички дизајн во класата на професор Беди Ибрахим. Работи во Гевгелија како наставник по ликовно образование. Член и претседател е на Друштвото на Ликовни уметници во Гевгелија – ДЛУГ и член на Мултимедиа центар Гевгелија од 2009 година. Учествувал на сите групни изложби на ДЛУГ и Мултимедиа центар, а бил дел од повеќе ликовни колонии.

 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања