Search
Close this search box.

Изложба „Разјарено езеро“ од Кристина Зимбакова

Изложба Разјарено езеро од Кристина Зимбакова

Изложба Разјраено езеро од 30 дела од Кристина Зимбакова e отворена во галеријатa. Уметницата се претставува со ликовни остварувања преку кои провејува интердисциплинарниот приод кон ликовната уметност – спој на сликарството, поезијата и природните науки.

Симболичниот и фигуративен израз, вткајувањето поетски мотиви од Благоја Ристески – Платнар и Ен Секстон, габите и лишаите како изразни средства и богатата текстура се клучни обележја на делата што ќе бидат изложени во галеријата. Сликите, создадени во последниве две години, се во комбинирана техника и често се поигруваат со границата меѓу слика и скулптура. Значителен број дела се креирани на рачно изработена хартија и пулпа од габи, а некои на мико-пена, што е биоматеријал од габен мицелиум и земјоделски отпад. Габите и лишаите се добиени од суви збирки или преку лични теренски истражувања, во соработка со научници од земјава и странство. Вметнати се впечатливи и ретки видови од Македонија, но и од САД, Јужна Америка, Арктикот и Антарктикот.

За своето творештво Зимбакова вели:Мојот став е дека естетиката на природата може веродостојно да ги отелотвори состојбите на човековиот ум и срцето и дека се тие во нераскинлива врска, токму како што бројни габи се поврзани со растенија или алги во симбиози наречени микориза или лишаи, соодветно”.

Зимбакова има реализирано повеќе самостојни и групни изложби во земјата и во странство, добитник е на повеќе награди и стипендии, а нејзините дела се наоѓаат во САД, Велика Британија, во неколку македонски амбасади низ светот.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања