Search
Close this search box.

Изложба „Светлина“ од Марта Макеска

Изложба „Светлина“ од Марта Макеска
Во ликовната галерија беше отворена изложбата “Светлина” од нашата уметница Марта Макеска која се претстави со платна и минијатури, изработени во техника акрил на платно и колаж. (27.8.2021 – 3.9.2021)

За нејзиното творештво говореше Викторија Димеска, која посочи дека припаѓа на правецот симболичен експресионизам.
-Преку експресивниот уметнички израз, бојата преку чистата форма и силниот интензитет добива на предност на сметка на формата на композицијата. Тргнувајќи од различните симболи, како што се културно историските споменици, кои го симболизираат многу вековниот опстанок на градот, крстот кој ја симболизира историјата на православната христијанска религија, колажните композиции со претставите на селаните и додадената елементи – везовите од традиционалната македонска народна носија, како и претставите со мотивот мајка со дете, како симбол на мајчината љубов, јасно одѕвонува замислата на уметницата.Желбата за опстанок, истрајноста и трпеливоста, генерациски предавање на мудроста, претставуваат различни одлики со кои што се карактеризира мајчината љубов и нејзината заштитна улога – таа претставува ѕвезда водилка или зрак Светлина која го осветлува патот низ темнината – рече на отворањето на изложбата Димеска.
Марта Макеска, дипломитала на ФЛУ во Скопје. Има реализирано повеќе изложби и учествувано на ликовни колонии. Работи како професор по ликовно образование во Прилеп.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања