Search
Close this search box.

ИЗЛОЖБА ,,ВЕВЧАНСКИ ВИДУВАЊА,,

ИЗЛОЖБА ,,ВЕВЧАНСКИ ВИДУВАЊА,,
Во ликовната галерија отворена e изложба на дела од меѓународната ликовна колонија ,,Вевчански видувања – од Вевчани.(10.10 до 25.10). Колонијата, која ја организираат Здружението на граѓани од Вевчани, Фондацијата за стратегиски истражувања Киро Глигоров и Фирмата Виа Вевчани од Вевчани, во Центарот e преставена со изложба од 25 дела изработени од учесниците на Колонијата од 2010 до 2013 година. Изложбата ја отвори вевчанецот Мишо Китановски, еден од доаjените на македонското новинарство.

Уметници – учесници:
Трајче Јанчевски, Илија Кавкалески, Таки Павловски, Глигор Чемерски, Доне Милјановски, Данчо Ордев, Ниче Василев, Рајко Тодоровиќ Тодор (Црна Гора), Петар Попчев, Владимир Темков, Јулијана Гешоска, Решат Амети, Емил Шулајковски, Никола Иванов – Балтон, Славко Упевче, Милош Коџоман II, Симеон Шемов, Филип Буловиќ – Липи (Србија), Наталија Баженова (Русија), Ирина Ефимова (Русија), Клод Дервен (Франција), Сает Дарвиш (Египет), Николас Кирјаку (Грција), Живка Маринова (Бугарија) и Анастас Константину – Тасо (Албанија),
За колонијата:
Светлината на уметноста
Вевчани е како дијамантско венче на царска круна. Еден од најубавите украси на Македонија, која Господ ја дарил со толку многу раскошни убавини. Тоа е познато по многу нешта, покрај другото и по своите прекрасни извори. Ако може да му се верува на Пол Клодел дека елементот вода меѓу елементите најмногу го симболизира Светиот Дух, тогаш божествената енергија во Вевчани извира и блика во изобилство, и тоа не само од карпите, туку од душата на Вечанци, луѓе со градителски ген и природен инстинкт за убавото чиј простор е Уметноста.
Меѓународната ликовна колонија Вевчански Видувања во организација на фондацијата за стратегиски истражувања “Киро Глигоров” и компанијата “ВИА” на Ѓорги Угриновски, градежник по професија и боем по душа, е исто така потврда за тоа…
Ефтим Клетников
(Од Каталогот на мегународната ликовна колонија “Вевчански видувања-2010/2011”

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања