Search
Close this search box.

Изложба „Живееме, Танцуваме, Тагуваме“ од Моника Десоска Каргова

Изложба „Живееме, Танцуваме, Тагуваме“ од Моника Десоска Каргова

Во ликовната галерија е отворена изложбата на дела  „Живееме, Танцуваме, Тагуваме“  од уметницата Моника Десоска Каргова.( 6.7 .до 19.7.2018)

Изложбата ја отвори Ана Јосифовска, потенцирајќи дека почетокоците на Моника и се од оваа институција.

Нејзините дела претставуваат флуидна структура, со колоритна експлозија која го наведува набљудувачот на индивидуален, интимен разговор. Делата не заведуваат со минималистичко претставување на фигурите, кои танцуваат, разговараат и ненаметливо ни ја раскажуваат приказната. Моника Д.К. ја постигнува илузијата на простор, преку играта на бојата притоа не нарушувајќи ја минималната употреба на формата и постигнатата просторна хармонија. Употребата на сегментите на небо, земја, воздух и море создава длабочина која ја потенцира безграничноста, динамиката и енергијата со која се поистоветуваме. Делата се издигнуваат со прочистен ментален простор, мир и хармонија. Ликовниот јазик на Моника Д.К. почива на добро познати ликовни елементи, кои што софистицирано го подржуваат визуелниот говор и нејзиниот личен сензибилитет.

Податоци заМоника Десоска – Каргова

  • Родена 1973 во Прилеп
  • 1997 дипломирала на ФЛУ во Скопје

Награда:

2002 Награда „Љубомир Белогаски“, за успешна изложба за проектот „Простор“ реализиран во 2001 година во Музејот на град Скопје, Скопје

Самостојни изложби:

2018  Живееме, танцуваме, тагуваме…НУ Центар за Култура, Прилеп

2010  Минијатури, НУ Центар за Култура, Прилеп

2009 Светлосна инсталација, Повеќедимензионални

Светови, Мала станица, Скопје

2006  Минијатури, Работилница, Белград, Србија

2004  Видео инсталација, Трчање во круг, Простор 2, Чифте             Амам, Скопје

2003  Видео инсталација, Барајќи го дното, Културен центар, Анталија, Турција

2002  Перформанс, Човек и простор, Музеј  на современата уметност, Скопје

2001  Простор, Музеј на град Скопје, Скопје

1997  Духовен простор, Уметничка галерија, Прилеп

1997  Од лице до простор, Уметничка галерија, Битола

1992  Поглед кон надвор, Дом на култура, Прилеп

Групни изложби:

2018  Чудесните жени од Колекцијата на Националната галерија на     Македонија, Скопје

2017  Годишна изложба ДЛУМ, Мала станица, Скопје

2016  Годишна изложба ДЛУМ, Мала станица, Скопје       

2014  Миниатура, НЛБ Тутунска Банка, Скопје

2013  Миниатура, НЛБ Тутунска Банка, Скопје

2008  Внатре – надвор, Мала станица, Скопје

2007  Стар простор-Нова линија, Културен центар „Магаза“, Битола

2007  Ивано Проект VII, Галерија Винсент од Каства, Пула, Хрватска

2005  7 Биенале на млади уметници, Музеј на современата уметност, Скопје

2004  Добитници на наградата „Љубомир Белогаски“, Музеј на град Скопје, Скопје

2003  6 Биенале на млади уметници, Музеј на современата уметност, Скопје

2002  Големо врамување, Музеј на современата уметност, Скопје

2002  Куќа/Хаос, Културна локација „Место“, Скопје

2001  5 Биенале на млади уметници, Музеј на современата уметност, Скопје

2000  Со љубов за Мајка Тераза, Музеј на град Скопје, Скопје

1998  Млади уметници од Прилеп, Дом на култура, Прилеп

1997  III Студенско интернационално арт биенале (СИАБ), Музеј на град Скопје, Скопје

1997  Изложба на дипломирани студенти, Дом на АРМ, Скопје

1993  Студенска изложба, Дом на АРМ, Скопје

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања