Search
Close this search box.

Изложба,,Митските плодови,, од Христо Петрески

Изложба,,Митските плодови,, од Христо Петрески

Во галеријата на Центарот беше отворена изложбата ,,Митските плодови,, од Христо Петрески, кој ќе се претстави со 30 дела.

Христо Петрески се претставува со нова изложба на сликарските платна. Поет, есеист, новинар, сликар. Неговите платна зборуваат за естетски формирана личност. Профилирањето на овој вид на личности подразбира компатибилност на сите видови на уметности, кои во својата есенцијална форма ја докажуваат потребата од комплементарност за да се допре суштината... Сликарските платна на Христо Петрески можат да ве однесат во светот на декоративното, но ако го поставите платното во просторот тогаш станувате свесни дека со останатата содржина не може да се создаде амбиентална хармонија, бидејќи е посебно, а како посебно во естетска смисла доаѓа во конфликт со навидум слично или профано – од рецензијата за изложбата на Звонимир Будимировиќ

Податоци за Христо Петрески

Проф.д-р Христо Петрески е роден на 4 февруари 1957 година, во Крушево. Магистрирал културологија во книжевноста на Институтот за македонска литература при Универзитетот “Кирил и Методиј“- Скопје, на тема “Хаику поезијата – меѓу елитното и масовното”. Докторирал на тема “Авторска бајка – компаративна анализа”. Професор е на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк, како и на Универзитетот Св.Апостол Павле во Охрид. Автор е на повеќе од 50 книги, новинар, публицист, ументик. Добитниик е на бројни награди.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања