Search
Close this search box.

Изложбата „Додекоманијата“ од Ацо Таневски

Изложбата „Додекоманијата“ од Ацо Таневски

„Додекоманија“ е тематската изложба на дела од Ацо Таневски што е отворена во ликовната галерија на Центарот. Пред прилепчани Таневски се преставува со дела колажи кои на едно место ја обединуваат уметноста и поезијата.

– Ацо Таневски со Додекоманија креира концептуализиран и промислен интермедијален творечки проект, спој на ликовниот и поетскиот израз, блиска средба помеѓу сликата и песната, спој на два уметнички јазика, контекстуалности/текстуалности, знаковности и семантички пракси. Додекоманија обединува на едно место четириесетина песни и исто толку визуелни претстави – колажи. Во друг контекст ликовниот елемент би бил илустрација на поетскиот запис, но овде овие два медиуми се перцепираат секој одделно, то ест се надополнуваат, затоа што претставуваат заокружени и лично одбележани целини, но воедно би можеле и да се читаат и како деликатни, симболични и културолошки кодирани паралелности. Можеби и самата поезија инспирирана од секојдневието на авторот, во својот зародиш го содржи ликовниот елемент, кој Таневски го претвора во слика. Бар кодот кој е застапен во секое дело, е нова историска приказна во нумерирањето како на продуктите така и на луѓето, и е израз на авторовиот протест против дехуманизацијата на човекот, праќајќи порака дека човекот не е фигура, туку личност со име и презиме вели Горанчо Ѓорѓиевски за творештвото на уметникот.

Таневски има дипломирано на ФЛУ во Скопје и член е на ДЛУМ. Работи како едукатор во Национална галерија на Македонија и е организатор на едукативни работилници и изложби за млади. Освен со ликовна, се занимава и со театарска и книжевна уметност.

Учесник на преку 60- ина групни изложби во земјата и во странство, на самостојни, како и на 30 ликовни колонии.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања