Search
Close this search box.

Изложбата „(Не) заборав“ до Емил Димоски за зачувување на традицијата

Изложбата „(Не) заборав“ до Емил Димоски за зачувување на традицијата

„Незаборав“ е тематската изложба од Емил Димоски,штое творена во галеријата „Борко Лазески“во ЦК„Марко Цепенков“ (18 мај до 30 мај 2018). Димоски пред сограѓаните се претставува со слики и минијатурни куќи. Пред посетителите се дела кои не дозволуваат старата архитектура да замине во заборав. Според Јулија Ѓурчиноска, професор по македонскии-германски јазик,секое дело од Димоски вклучува некаква тајна, мистериозна инспирација, скриена порака, која успешно се проткајува низ камчињата и ливчињата на бескрајот.

– Во безбројните и бесконечните разговори за неговото творештво побарав објаснување за петте димензии.Додека со жар во очите објаснуваше за секоја димензија од секое дело посебно, ми стана појасно од било кога – делата на Емчо немаат димензија, немаат временска рамка, немаат пазарна врдност бидеќи се полни со љубов, трпение, спокој, мир љубопитност, добрина и страсти, бидејќи неговите дела ја пресликуваат неговата бесценета душа – вели Ѓурчиноска.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања