Search
Close this search box.

Изложбата „Спам“ од Илина Арсова

Изложбата „Спам“ од Илина Арсова

Спам“ е тематската изложба од Илина Арсова, што e отворена во ликовниот салон. Уметnицата предприлепчани се претставuva со слики и инсталации изработени од колежен и ликовно трансфромиран домашен отпад, текстил, хартија и веќе употребени и дотраени материјали.

ИИИзложбата ја отвори истричарот по уметност Викторија Димеска која посочи дека изложбата ја сочинуваат серија од мали формати, а колажите се изработени од рециклиран отпаден материјал, како што се текстил, хартија,…

Насловот на изложбата доаѓа од отпадното сандаче. Како резултат на долгогодишните истражувања на темата рециклирање, во перидот од 2013 до 2018 Арсова креирала колажни слики кои се состојат од различни домашни отпадни материјали, со една и единствена цел – да ја потсети публиката на несовесниот консумеризам и на неразумното потрошувачко општество, укажувајќи кон еден совесен и хуманистички пристап за заштита на животната средина, преку рециклирање на отпадниот материјал. Како подлога се среќаваат разнородни материјални, коишто најчесто на самиот крај завршуваат со сликарска интервенција – цртеж и боја.Оттука уметноста на Арсова е ангажирана…Во светски рамки творештвото на Илина може да се спореди идеолошки со Поп арт и Реди мејд – рече Димеска на отворањето на изложбата.

Илина Арсова дипломирала на ФЛУ, и е член на ДЛУМ. Реализирала бројни самостојни групни изложби во змејата и во странство, а е поборник за жаштита на животната средина, вљубеник во природата, височините и адреналинот како значајна врска со ликовното творештво.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања