Search
Close this search box.

Изложбата „За слобода и независност“

„За слобода и независнот“ е тематската изложба од 20 фотографии штo e отворена во изложбениот салон, а се реализира во соработка со Амбасадата на Унгарија во Македонија, Почесниот конзулат на Унгарија во Битола и општина Прилеп.

Изложбата ја отвори амбасадорот на Унгарија во Македонија г.н Ласло Иштван Дукс  заедно со градоначалникот Марјан Ристески, а беше присутен и г- Ѓуласомоги, заменик шеф на мисијата.

-Изложбата ги поврзува двата народи кои историски можеби и никогаш не биле поврзани, но затоа пак делат исти истории и сведоштва од минатото. 23ти Октомври, како датум е подеднакво значаен и за Македонија како и за Унгарија. На овој ден во двете земји се празнува борбата и желбата за слобода и независност. Ако за Македонија 23ти Октомври се празнува денот на македонската револуционерна борба, истиот тој ден во Унгарија се празнува денот на унгарската револуција. На тој ден пред точно 50 години млади студенти, поддржани од своите професори и останати интелектуалци ја започнуваат револуцијата против тогашниот Советски Сојуз и комунистичкиот систем. Иако нивната радост траеше многу кратко поточно 14 дена, сепак гласот на оваа револуција одекна надалеку и беше насловна страна на тогаш а и денес светски најпознати медиуми. Во оваа изложба ќе ги запознаеме и таканаречените херои од Буда, кои што ги жртвувале своите животи за слободата на Унгарија. Покрај хероите во оваа изложба се споменати и оние кои се директно и индиректно виновни за смртта на преку 2500 Унгарци и задушувањето на востанието. Востанието за жал по почетниот успех беше загушено, но сонот и желбата за слобода и демократија не беа. Тие се остварија во 1989 година кога со падот на комунизмот и овој ден беше прогласен за национален празник – велат од Амбасадата на Унгарија во Македонија.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања